Нема крај на глупостите на Купот на Африка – Не еднаш, не два пати, три пати организаторот ја „утна“ химната на Мавританија (ВИДЕО)

Африканскиот куп на нации е се освен фудбалски празник. Малку голови, а многу скандали го тресат турнирот на „црниот-континент“ кој требаше да биде една убава увертира на мундијалската година.

По катастрофата што ја направи судијата на мечот меѓу Мали и Тунис откако два пати пред време свиреше крај, скандал се случи и на дуелот меѓу Мавританија и Гамбија.

Имено, пред почетокот на мечот организаторот дури три пати ја згреши химната на Мавританија.

 

 

 

 

Се вчитува...