Нема крај на каталонскиот пекол: Се повреди уште еден кошаркар на Барселона

Барселона мака мачи со повреди оваа сезона, а во полза на каталонците не е ниту последната информација поврзана со нивната „болница“ која од денеска брои уште еден член.

Станува збор за Дарио Бризуела, шпанскиот репрезентативец кој го повреди грбот и нема да биде на теренот во следните две до три недели.

Бризуела е третиот кошаркар кој ја покрива бековската позиција и е повреден. Претходно каталонците останаа и без услугите на Николо Лапровитола, како и неговата замена Раул Нето кој се повреди по само неколку минути игра во дебито за шпанскиот клуб.

Се вчитува...