Нема крај на кризата во Барселона: Укинати двата дневни оброци за фудбалерите од Б-тимот!

Очигледно нема така лесен крај на големата финансиска криза којавеќе неколку години го тресе каталонскиот гигант. Па, раководството на Барселона донесе одлука за укинување на бесплатните доручек и ручек за фудбалерите од Б-тимот.

За да заштеди Барселона го раскина договорот со добавувачот на храна за талентите во вториот состав, кои сега ќе немаат опција да останат во клубот во периодот меѓу двата тренинга, туку ќе мора да одат дома за исхрана на сопствена сметка.

Оваа услуга била оценета како непотребен трошок па е укинат, без разлика на лошиот имиџ кој одлуката ќе го предизвика во јавноста.

Се вчитува...