Хари Кејн и во годините кои следат ќе ги брани боите на германскиот гигант Баерн Минхен со кој се очекува да потпише нов договор по истек на актуелниот кој е со важност и во следните две години.
Англискиот репрезентативец пристигна во Минхен во 2023 година и веднаш се наметна како незаменлив дел од баварскиот состав. Оваа сезона игра извонредно и веќе ја надмина границата од десет постигнати голови во Бундеслигата, забележувајќи 11 на само шест одиграни средби.
За љубовта на релација Баерн Минхен – Кејн говореше и директорот на клубот Кристоф Фројнд.
„И ние, како и Хари Кејн можеме да замислиме продолжување на соработката и по истекот на актуелниот договор. Хари се чувствува многу пријатно во Минхен. Затоа се надеваме дека ќе остане во Минхен и во следните години“, изјави Фројнд за германските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

