Нема крај на маките на Анчелоти: Винисиус во „аут“ три недели

Сезоната за заборав кога станува збор за повредите продолжува за Реал Мадрид кој на листата на повредени фудбалери мора да го додаде и одличниот бразилски напаѓач Винисиус Џуниор кој се пожалил на повреда по средбата против Леганес.

Деталните прегледи донесоа и нови лоши вести. Винисиус Џуниор заработил повреда на феморалниот бицепс на левата нога и го очекува пауза од три недели. Тоа значи дека Бразилецот ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул во Лигата на Шампиони, како и дуелите против Хетафе, Атлетик, Жирона, Аталанта и Рајо Валекано.

Повредата на Винисиус доаѓа по репрезентативната пазуа во која настапи и во два натпревари за Бразил па тој и самиот се пожали на социјалните мрежи каде ја сподели објавата на Реал Мадри за неговата повреда со напис „луд календар“.

Се вчитува...