Нема крај на маките: По серијата повреди, регистриран коронавирус во Баерн!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер е позитивен на коронавирус. Се очекува тој да го пропушти само гостувањето кај Ајнтрахт во Франкфурт, а лекарскиот тим се надева дека ќе биде подготвен за Баер Леверкузен на 5 март, но уште поважно за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Салцбург, три дена подоцна.

Оваа вест ја потврдија повеќе извори од Германија. Инаку, значајноста на Милер доаѓа и од статистиката која покажува дека тој е најдобар асистент на Баерн оваа сезона со дури 22 асистенции, а патем досега има постигнато плус 10 гола на 33 натпревари.

Ова дефинитивно е дополнителен удар за Баерн бидејќи викендот се повреди Корентин Толисо и ќе мора да паузира неколку недели. Исто така, Алфонсо Дејвис се уште е надвор од терените, Мануел Нојер нема да биде крај стативите, а повредени се и Коман и Горецка.

Се вчитува...