Нема крај на малерите за македонскиот репрезентативен голман Давид Митов-Нилсон. Откако ја пропушти речиси целата мината сезона поради хируршка интервенција на ногата, сега го чека нова подолга пауза по заработената двојна фрактура на раката за време на денешниот тренинг во Норчепинг.
Откако се врати на тренинзите со првиот тим, Митов-Нилсон, како што информираат од клубот, на денешниот тренинг заработи при еден пад двојна фрактура на раката поради што го чека нова операција и пауза најмалку до април.
„Навистина премногу жално. За нас и за Давид кој само што се врати по паузата поради скршеницата на ногата сега со нова трагична вест. Убедени сме дека Давид ќе се врати посилен и по оваа повреда, но за жал нема да може да сметаме на неговите услуги во следните месеци“ – информираше менаџерот на Норчепинг, Јенс Густафсон.
Митов-Нилсон нема да биде на располагање ниту за македонскиот селектор Игор Ангеловски за дуелот во март против Лихтештајн во квалификациите за СП 2018 во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА