Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е под голем знак прашалник за неделното дерби во Премиерлигата против Арсенал. Уругваецот немаше среќа на дуелот со Челси, кога четири пати ја погодуваше рамката од голот, но заработи и повреда, поради која и натаму не е јасно дали и колку ќе паузира.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека и натаму го чека лекарскиот тим да каже дали ќе може да смета на него за пресметката со Арсенал.
„Четирите промашувања влијаат врз него, и тој е човек. Промашувањето на пеналот и дефинитивно го скрши. Не знам дали ќе биде во комбинација за Арсенал. Уште во 20. минута противнички играч му нанесе повреда, и многу го болеше. Тој не ја соблече копачката се до крајот на мечот, затоа што не сакаше да види што се случува. Има оток, ќе видиме. Но кој и да игра, против Арсенал мораме да го дадеме максимумот“, рече Клоп на прес-конференцијата пред мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА