Нема крај на проблемите: И без Алиоски и Ристевски против Ерменија, неизвесен и Елмас кој се повреди

Нема крај на проблемите за македонскиот селектор Игор Ангеловски во финишот од новата сезона во Лигата на нации, посебно околу „склопувањето“ на тимот во средниот ред.

Откако, поради втори жолти картони, од денешниот дуел со Естонците останавме без Бобан Николов и Стефан Спировски, сега неизвесен за настап за натпреварот со Ерменија на 18. ноември на Кипар е и Елиф Елмас.

„Елиф се пожали на повреда на бутниот мускул, токму поради тоа беше и земенет на денешниот натпревар. Веднаш ќе биде подложен на детални лекарски прегледи па ќе видиме дали ќе биде со нас за мечот против Ерменија“ – соопшти селекторот Ангеловски, притоа информирајќи дека за дуелот со Ерменците нема да бидат и Езгијан Алиоски и Кире Ристевски.

„Алиоски имаше повреда па го ослободивме од обврските, а исто така и Кире Ристевски нема да патува на Кипар за дуелот со Ерменија затоа што не може да ја напушти државата поради позитивниот тест. Токму поради тоа ќе повикаме нови фудбалери, најверојатно Дарко Мицевски од Вардар но ќе соопштиме дополнително. За натпреварот со Ерменија ќе може да сметаме и на Тотре од Шкендија“.

Се вчитува...