Листата на повредени кошаркари во редовите на Олимпијакос се продлабочи за уште едно име откако повреда заработи и Томас Воклап.
Натурализираниот грчки репрезентативец кој оваа сезона бележи просек од 4.5 поени, 5.0 асистенции и 3.0 скокови на две одиграни средби во Евролигата има проблеми со задната ложа и ќе биде надвор од терените во следните три недели.
Тренерот на „црвено-белите“ не може да смета ниту на Мекисик, Еванс и Фал, а неизвесен за настап во следните два натпревари против Дубаи и Панатинаикос е и Фурние.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

