Германија има проблем со повредени играчи пред дуелите во Лигата на Нации против БИХ и против Холандија. Така најновиот кој откажа за настап на овие два меча е бекот Бенџамин Хенрикс.
Хенрикс поради повреда денеска го напушти кампот на националниот тим, а од германската федерација му посакаа брзо закпренување. Селекторот Јулијан Нагелсман нема да повикува нов играч на негово место.
Претходно поради повради откажаа Мусиала, Хаверц, Раум и Кох, а како што е познато поради повреди Хагелсман нема да може да смета ниту на Тер-Штеген и Филкруг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА