Нема крај на проблемите на Наполи – се повреди уште еден клучен играч

Огромни малери го следат Наполи од стартот на сезонава, летово тешка повреда заработи Ромелу Лукаку, неодамна настрада и најголемото летно засилување Кевин де Бруине, а италијанскиот првак оваа репрезентативна пауза остана без уште еден клучен играч.

Станува збор за Франк Ангиса, одличниот камерунски фудбалер кој беше меѓу ретките светли точки во таборот на „наполитанците“ минатиот месец. Тој се повреди на првиот тренинг со репрезентацијата, а денеска беа потврдени стравувањата дека проблемот е сериозен, а паузата би можела да изнесува и над три месеци.

Ангиса дефинитивно ќе го пропушти и претстојниот Куп на Африкански Нации, а информациите од Италија говорат дека Наполи веќе почнал порага по нов играч за врска, при што на врвот на листата со желби се наоѓа Коби Маино од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...