Нема крај на проблемите во Премиерлигата – Одложен и мечот меѓу Астон Вила и Барнли

Коронавирусот прави големи проблеми во Премиерлигата. Откако веќе голем број натпревари беа одложени, последен на списокот е и дуелот кој требаше да се одигра денеска меѓу Астон Вила и Барнли.

Сепак, на крајот од лигата одлучија и овој меч да биде одложен поради заразата кој се проширила во тренинг кампот на Астон Вила. Тоа значи дека место шест натпревари кои требаше да се одиграат денеска, ќе се одигра само еден и тоа, тој меѓу Лидс Јунајтед и Арсенал.

 

Се вчитува...