Мачните денови за Јувентус продолжуваат понатаму. Италијанскиот великан се соочува со тешка криза во која поради малверзации им беа одземени 15 бодови, незадоволството расте и кај самите фудбалери, а тоа се одрази и на последните резултати па „старата дама“ загуби од Монца во натпревар во кој на клупата се најде и Пол Погба.
Францускиот репрезентативец минатото лето се врати во Торино, но поради повреда не настапи на ниту еден официјален натпревар во сезоната. А, и покрај враќањето на тренинзите, тој уште подолго време нема да му биде на располагање на Масимилијано Алегри бидејќи ја обновил повредата.
„Ќе му биде потребно повеќе време на Погба да се врати зошто повторно го мачи повредата. Не можеме да направиме чудо. Мора да се адаптира и да не брзаме со враќањето, туку да го чекаме вистинскиот момент“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА