Нема крај на проблемите за Тотенхем: Крај на сезоната за Ромеро

Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, пренесуваат британските медиуми. Ромеро претрпе повреда на лигаментите, што значи дека мора да биде надвор од терените долг период.

Бидејќи лекарите предвидоа пауза помеѓу шест и осум недели, ова значи дека во најдобар случај ќе може да одигра еден или два натпревари за Тотенхем сезонава, но дури и тоа е тешко за верување.

Тоа се нови лоши вести за Тотенхем, кои се соочуваат со борба за опстанок во Премиерлигата и во моментов се наоѓаат на позиција која следната година води во Чемпионшип.

Се вчитува...