Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, нема да биде во комбинација за настап за парискиот клуб во новата сезона, доколку не го продолжи договорот, одлучило раководството на шампионот на Франција.
Мбапе има договор со ПСЖ до јуни 2024 година, а во повеќе наврати се одлучи да не го продолжи истиот. ПСЖ претходно му постави ултиматум или трансфер, или нов договор, меѓутоа двете опции беа одбиени. Сега Мбапе се соочува со суспензија, и можност да не игра до крајот на идната сезона.
ПСЖ веќе го отстрани од првиот тим и со тоа најверојатно целата сезона ќе ја мине не трибините, ако не ја промени одлуката и не го продолжи договорот. Фудбалерот е разочаран од трансфер политиката на клубот, а неодамна одби да отиде во Ал Хилал.
Скај спортс наведува дека раководството на ПСЖ со ова сака да испрати порака и до останатите играчи на клубот.
Се очекува на ваквите уцени да реагира и француската федеарција како и УЕФА, доколку ПСЖ се одлучи да го „замрзне“ Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА