Нема крај на ‘сапуниците’: Марадона пред смртта открил дека не е татко на едно од неговите пет деца

Нема и очигледно ќе нема уште долго крај на ‘сапуниците’ околу Диего Армандо Марадона. Аргентинскиот ас, како што пренесуваат медиумите од Јужна Америка, непосредно пред смртта открил дека не е татко на едно од оние пет веќе признаени деца од негова страна.

Импликацијата е дека се работи за Диего јуниор кој е син на италијанската манекенка од Неапол, Кристина Синагра.

Наводно, Диего Синагра јуниор е признаен од Марадона, согласно италијанските закони, за негов син, но без било кога докажана ДНК.

Но, слична е ситуацијата и со 23-годишната ќерка Јана која е плод на неговата врска со Аргентинката, Валерија Сабалаин. И Јана е признаена од негова страна без докажана ДНК.

 

Се вчитува...