Нема крај на сензациите: Шампионката од Ролан Гарос елиминирана на стартот од Вимблдон

Сензационалните резултати на стартот од Вимблдон продолжија и вечерва, откако настапот на британскиот гранслем турнир прерано го заврши Коко Гоф.

Американката пред еден месец се закити со трофејот на Ролан Гарос и беше меѓу главните фаворитки за титулата и на Вимблдон, но вечерва таа потклекна пред Украинката Дајана Јастремска. Гоф уште на стартот се најде во негатива, но успеа да се врати од 2-5 и да се избори за тајбрејк во првиот сет. Јастремска триумфираше во тајбрејкот со 7-3, а потоа во вториот сет целосно издоминира во однос на фаворитката, триумфирајќи со убедливи 6-1.

Пред Гоф како втора носителка, денеска елиминирана беше и третата носителка Пегула, а настапот прерано го заврши и ветеранката Викторија Азаренка, која загуби со 1-2 во сетови од Захарова.

Се вчитува...