Младата ѕвезда на Барселона и воедно еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Ламин Јамал не престануваат да го „тресат“ скандали.
По контроверзната спектакуларна прослава на 18. роденден на кој за аниматори одбра бројни лица со низок раст следеа и објави на фотографии со од него постарата инфлуенсерка Фати Васкез која пак неколку месеци по врксата изнесе нови информации за неговиот контроверзен живот надвор од фудбалот.
„Ламин Јамал не е скромен. Бев во врска со него и мислам дека е лошо советуван. Ги запознав луѓето кои се најблиски до него и мислам дека според начинот на кој го водат, не носат вистински одлуки“, започна 30-годишната девојка.
„Пред да излезе со мене, Ламин Јамал ден претходно бил со друга девојка. Сфатив за тоа по некои фотографии кои беа објавени. Една девојка ме побара и ми кажа: „Беше ли со Ламин? Јас си заминав ден пред ти да дојдеш“. Агентот на Ламин му води календар организирајќи денови со девојки со кои се гледа. Ламин има календар со девојки“, откри Васкез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

