Нема крај на трагедиите од коронавирусот: Почина италијански боксер, поранешен европски првак

Вирусот Covid-19 коси во Италија, а една од жртвите е и боксер Анџело Ротоли (61), објави „Тутоспорт“. Тој ја загуби битката со коронавирусот во поликлиниката „Свети Петар“ во Бергамо. Само две седмици претходно тој ги загуби и мајката и братот од канџите на пандемијата.

Ротоли е поранешен италијански и европски првак во тешка категорија, а во 1987 година стана и интерконтинентален шампион во верзијата WCC. Боксерот од Бергамо ја заврши кариерата во 1990 година по 35 меча.

 

Се вчитува...