Франускиот репрезентативец Ајзеа Кординије е последниот кошаркар кој замина од Виртус Болоња со што им се приклучи на Торнике Шенгелија, Анте Жижиќ, Андреј Гражулис, Вил Клајбурн и Марко Белинели кој ја заврши кариерата.
За ангажман на кошаркарот кој минатата сезона бележеше просек од 12 поени и 3.9 скокови и асистнеции во просек постои голем интерес од страна на рускиот Зенит, но голема е веројатноста дека кариера ќе ја продолжи во Ефес со цел да се натпреварува во Евролигата.
Кординије беше дел од Болоња од 2021 година. Со италијанскиот клуб го освои трофејот во Еврокупот, италијанското првенство и две титули во Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

