Руските атлетичари паѓаат како покосени на допинг тестирањата кои одлучи да ги спроведе ВАДА (Светска Антидопинг агенција). Русија остана без уште еден медал откако последните тестирања покажаа дека спринтерката Антонина Кривошапка била позитивна на допинг.
Кривошапка беше дел од штафетата 4 х 400 метри на Олимписките Игри 2012 кои се одржаа во Лондон, а последните тестирања покажаа дека таа е позитивна на стероидот „туринабол“. Четирите атлетичарки кои се натпреваруваа покрај неа ќе останат без сребрениот медал кој ќе им припадне на атлетичарките од Јамајка, додека бронзата оди за Украина.
На Светското првенство во 2013 година Кривошапка се натпреваруваше за последен пат, и го освои бронзениот медал.
Покрај неа, на последните допинг тестирања ’паднаа’ и Вера Ганеева (фрлач на диск) и Адем Киличи (боксер).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА