Нема крај на кошмарот на Реал: Рудигер не игра на двата меча против Манчестер Сити

Карло Анчелоти ќе мора да ја „крпи“ одбраната во двата меча во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, со оглед дека остана без услугите на Антонио Рудигер.

Германецот речиси сигурно ќе ги пропушти двата меча, а претходно беше познато дека сигурно го пропушта дербито против Атлетико Мадрид идниот викенд.

Рудигер се повреди на последниот меч со Еспањол кога ја напушти играта во 15. минута од средбата. Повреден е и Едер Милитао, а Давид Алаба неодамна заработи нова повреда и одново ќе паузира во следните дваесетина дена.

Се вчитува...