Нема крај за проблемите на Барселона – Лапорта бара помош од Ла Лига

Барселона никако не успеава да ги реши финансиските проблеми. Каталонскиот тим се соочи со огромна загуба поради пандемијата на коронавирус, а и покрај тоа што ситуацијата е малку подобра ова лето, тимот го има надминато „селери кепот“ кој го наметнува Ла Лига.

Со тоа каталонците не можат да ги регистрираат новите засилувања, Серхио Агуеро, Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Емерсон Ројал, ниту да потпишат нов договор со Лео Меси. Решение на проблемот Барселона мора да најде до септември кога истекува рокот за пријавување на играчи, а во овој поглед претседателот Лапорта бара разбирање од страна на лигата.

„Преговорите со Меси се одвиваат на добар пат, но постојат работи кои мораат да се решат и навистина се надевам дека тој ќе настапува за нас и следната сезона. Се надевам и дека Ла Лига ќе биде пофлексибилна како што е случајот во останатите лиги во Европа. Тогаш ќе можеме да ги потпишеме играчите кои ги сакаме“, изјави Лапорта.

Дел од новите засилувања веќе запишаа настапи за Барселона во подготовките за новата сезона, но тоа се неофицијални средби.

Се вчитува...