Десниот бек на Ливерпул, Натаниел Клајн ќе го продолжи своето отсуство од терените уште три месеци, откако денес му е направена нова операција на грбот. Англискиот репрезентативец се мачеше со повредата од јули, иако минатиот месец полека се опоравуваше и се врати со лесна тренажа, по неодамнешните прегледи препорачано му е да направи корекциски зафат за избегнување на понатамошни проблеми.
Клајн сезонава се уште е без настап за „црвените“ од Мерсисајд, а доколку неговото закрепнување се одвива според планираното, 26-годишниот дефанзивец би можел да се врати во составот на Клоп кон средината на фебруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА