Нема криза поради Ковид-19: Мбапе е најскап во светот, пред Стерлинг, Санчо…

Застојот во светскиот фудбал поради коронавирусот придонесе да дојде до намалување на приходите на клубовите, но вредноста на врвните фудбалери се уште останува на највисоко ниво.

Според алгоритамот на „ЦИЕС Фудбалската Обсерваторија“ на врвот на листата се наоѓа Килијан Мбапе, кој е проценет на 259,2 милиони евра. Французинот беше поврзуван со мегатрансфер во Реал Мадрид, но „кралевите“ решија летово да не испраќаат понуда, туку да се подготват за офанзива за наредното лето. Зад Мбапе се наоѓаат дури четири англиски фудбалери, и тоа Рахим Стерлинг со 194,7 милиони евра, Џејдон Санчо со 179,1 милиони, Трент Александер Арнолд со 171,1 милиони и Маркус Рашфорд со 152,3 милиони евра.

Според оваа ранг-листа, зад Рашфорд во Топ 10 највредните фудбалери на светот се уште и Мохамед Салах, Садио Мане, Антоан Гризман, Алфонсо Дејвис и Хари Кејн.

Се вчитува...