Челси е нов европски шампион! Во англиската пресметка од финалето во Лигата на шампионите, „сините“ славеа против Манчестер сити со 1-0, доволно за своја втора европска круна во историјата по девет сушни години во Европа.
Пеп Гвардиола, пак, и во петтиот свој обид со Манчестер сити не успее да им донесе на „граѓаните“ прва титула во историјата.
И покрај привидната иницијатива на Манчестер сити, Челси дојде предност на полувремето со 1-0 со голот на Хаверц во финишот на првите 45 минути, кое се покажа одлучувачко до крајот.
Сето тоа вроди со плод во 42. минута кога Хаверц доби одлична топка од длабочина, изби сам пред противничкиот голман и мајсторски го матираше за водство од 1-0.
Во второто полувреме „граѓаните“ максимално атакуваа по израмнување, но се чини шансите значително се намалија откако играта во 60. минута ја напушти еден од најдобрите фудбалер Де Брујне. Белгиецот се повреди по судирот со Рудигер. Му се укажуваше долго лекарска помош, но не можеше да продолжи па во солзи го напушти теренот.
A horrible end to Kevin De Bruyne’s season ?#UCL #UCLfinal pic.twitter.com/Zt9mncG2un
— Goal (@goal) May 29, 2021
Па, Челси само рутински до крајот ја одржуваше предноста за втора европска круна во својата клупска историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА