Нема лабаво… Ангеловски сервира „максимални тренинзи“ и пред тестот со Азербејџан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Македонските репрезентативци под максимален ритам продолжуваат со тренинзите и за вториот пријателски натпревар кој во вторник не очекува во Анталија, против селекцијата на Азербејџан.

По ремито без голови против Финска, и денеска под идеални услови за работа на супер луксузниот комплекс „Глорија спортс центар“ селекторот Игор Ангеловски им „сервираше“ добар тренинг-ритам на фудбалерите кои веруваат дека може да се продолжи со низата без пораз…

„Против Азербејџан без размислување атакуваме на победа. Со триумф да го заокружиме и овој собир, како мотив плус за се она што не очекува оваа година во Лигата на нации“ – велат едногласно македонските репрезентативци…

 

Се вчитува...