Јавна тајна е дека главен проблем на Осман Дембеле не се фудбалските квалитети, туку непрофесионалниот однос за кој дури ни голем клуб како Барселона не успева да најде лек.
Доказ за тоа е и денешната случка, откако Дембеле пристигнал на утринскиот тренинг со два часа задоцнување во однос на остатокот од екипа. Имено, тренерот Валверде по вчерашниот триумф на градското дерби закажал лесен тренинг за денеска во 11 часот, но сите биле во шок кога Французинот пристигнал во тренинг-центарот нешто пред 13 часот, со неполни два часа задоцнување.
Валверде решил Дембеле да тренира сам во наредните два часа, а нема сомнеж дека ќе следи и парична казна за ваквото непрофесионално однеување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА