Заработката на Манчестер Јунајтед во првите три месеци од оваа година е помала за 67 милиони фунти во однос на истиот период лани. Клубот го објави финансискиот извештај за првиот квартал од 2019 година кој покажува и зголемување на долгот за 137 милиони фунти.
Падот во заработувачката се должи на тоа што Јунајтед не обезбеди пласман во Лигата на шампионите за оваа сезона, додека зголеувањето на долгот е благодарение на потпишувањето нови играчи.
Неучеството во елитното натпреварување носи пад на заработувачката од телевизиските права за речиси 10 проценти. Поради тоа што не учествува во Лигата на шампионите, Јунајтед заштедил на исплаќање бонуси, а тоа што се ослободи од некои од најскаплатените игрчи на клубот му донело намалување на трошоците за речиси девет проценти.
Јунајтед мината сезона ја заврши на седмата позиција на табелата во Премиер-лигата и обезбеди учество во УЕФА Европа лига. Парите кои доаѓаат од маркетинг и спонзори останале на исто ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА