Жозе Мурињо нема да биде дел од Лигата на шампионите, откако со неговиот Фенербахче не успеа да се пласира во плеј-офот. После поразот во првиот меч од Лил, вечерва успеа турскиот тим да триумфира во регуларниот дел со 1-0, меѓутоа во продолженијата францускиот тим успеа да израмни и да се пласира во следната фаза.
Автоголот на Диаките во финишот од средбата донесе продолженија во Истанбул. А, таму Лил остана и со играч помалку и се чинеше дека Мурињо и неговите играчи имаат предност.
Меѓутоа шокантен финиш, во 118 минута досуден пенал по преглед на ВАР снимката, кој го реализираше Дејвид за 1-1, и пласман во плеј-офот во најелитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА