Нема мир во Сараево: Ристовски и Елези после ќе го добијат третиот тренер сезонава

Фудбалскиот клуб Сараево ќе го добие третиот тренер од почетокот на сезоната, откако се раздели и со Хусреф Мусемиќ. Мусемиќ го презеде кормилото на 10 август, веднаш откако тимот имаше слаб старат на сезоната во првенството на БиХ.

Мусемиќ по шести пати се врати во овој тим, меѓутоа ниту тој не успеа да ја крене екипата од летаргијата во новата сезона, па така дојде до спогодбен раскин на договорот.

„За жал, не успеавме да ја „разбудиме“ екипата. Мислам дека во овој момент најдобро за клубот е да донесе нови, свежи сили на клупата. Благодарност до претседателот, администрацијата, играчите и соработниците на искрената соработка“, изјави Мусемиќ.

Сезоната ја почна Зоран Зекиќ, кој ја презеде екипата на крајот од минатата сезона, а потоа беше назначен Мусемиќ, кој издржа на кормилото 50 дена.

Се вчитува...