Група навивачи на Фенербахче кои оделе на натпреварот од Евролигата меѓу нивниот тим и Анадолу Ефес, на пат кон салата, физички нападнале член на управата на одбојкарскиот клуб Галатасарај и неговата 14-годишна ќерка.
Во таа прилика напаѓачите им ги одзедоа од раце сите симболи на Галатасарај што ги носеа и двајцата. Членот на управата на клубот Угур Ирис бил со својата ќерка на одбојкарски натпревар кој недалеку го одигра женската екипа на Галатасарај.
Ден подоцна ОК Галатасарај излезе со соопштение за медиумите.
„Синоќа еден наш член и неговата 14-годишна ќерка беа нападнати од четириесетина луѓе по натпреварот на женската екипа на Галатасарај. Тие бандити отидоа дотаму што претепаа девојче“, се вели во соопштението на Галатасарај.
Во соопштението се наведува и дека Галатасарај ќе направи се за да ги идентификува и уапси напаѓачите за да одговараат за ова злосторство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА