Ангажманот на голманот од БИХ Филип Дујмовиќ, значеше и крај на одисејата на Ведран Ќосевски во Струга ТЛ. Ќосевски после две сезони минати на голот на Струга ТЛ, освои две титули и заминува од таборот на актуелниот првак.
Ќосевски дојде во Струга ТЛ од Железничар, и беше еден од најзаслужните за најдобрите две сезони во историјата на клубот. Меѓутоа двете страни не се договориле околу нова соработка, а раобтата „запрела“ околу финансискиот дел, дознава ЕКИПА. Екипата на Струга не можела да ги исполни финансиските барања за нов договор, и така Ќосевски заминува од клубот.
Голот идната сезона ќе го чува Дујмовиќ, кој исто така доаѓа од Железничар, а беше и во Србија и во Романија.
Ќосевски е четвртиот кој заминува од Струга ТЛ. Претходно тимот го напуштија Меџит Неџири, Едис Малиќи и Ментор Мазрекај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА