Младата репрезентација на Македонија попладнево со чартер авион од Скопје пристигна во Гдањск каде од 17. јуни не очекува настапот на Европското првенство во Полска.
По четиричасовниот лет, селекторот Благоја Милевски ниту може, ниту сака било што да остави на случајноста. Па, вечерва македонските репрезентативци, по сместувањето во својата база во Сопот, прекрасно туристичко место на Балтичкото море, на северот од Полска, веднаш го одработија и првиот тренинг на полско тло.
Стручниот штаб на националниот тим ги има на располагање сите сили на кои ќе се смета на историскиот настап на едно Европско првенство…
„Најважно е што во Скопје успешно ги минавме подготовките, сите фудбалери се здрави, желни за докажување на своите квалитети. Па верувам ќе умееме и во Полска да покажеме еден степен поквалитетна игра и од сите досегашни настапи“ – истакна денеска пред заминувањето за Сопот, селекторот Благоја Милевски.
Македонската селекција за време на шампионатот на најдобрите на Стариот континент ќе биде сместена во Сопот, кое е на 10 километри од Гдиња каде на 17. јуни ќе го играме првиот натпревар на првенството против селекцијата на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА