Војдан Стојановски немаше ниту малку време за одмор по враќањето од настапите за македонската репрезентација, откако нашиот капитен за помалку од 48 часа по дуелот со Швајцарија настапи за својот тим Бујукчекмече, и тоа и ни помалку ни повеќе туку против европскиот првак Фенербахче.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ очекувано ја оправдаа фаворитската улога и заслужено стигнаа до убедлива победа (82-59), откако уште во првото полувреме остварија двоцифрена позитива што лесно ја контролираа во преостанатиот дел од мечот.
Стојановски беше далеку од својот препознатлив ритам и го заврши мечот со четири поени, два скока и три загубени топки за вкупно 19 минути игра. Најефикасни во редовите на Фенербахче беа Нанали со 13 и Махматоглу со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА