Нема одмор за Мбапе – веднаш на тренинг со ПСЖ (видео)

Килијан Мбапе не дозволува поразот од Аргентина во финалето на СП 2022 да влијае премногу врз него, па одличниот голгетер експресно се врати на тренинзите на својот тим ПСЖ.

Иако имаше добиено слободно една седмица за да се одмори по напорниот мундијал, Мбапе утрово се појави во тренинг-базата на ПСЖ, ставајќи му се на располагање на тренерот Галтие.

„Светците“ денеска ќе играат пријателски меч со нисколигашот Руен што Мбапе ќе го следи од трибините, но тој сигурно ќе го предводи нападот на својот тим на наредниот лигашки меч, закажан за 28 декември против Стразбур.

ПСЖ веднаш потоа, веќе на 1 јануари го очекува и првиот предизвик во новата 2023 година, дерби-меч со екипата на Ленс.

Се вчитува...