Нема отказ: Бешикташ верува во Оле Гунар Солскјер

Оле Гунар Солскјер преживеа уште едно разочарување на газдите на Бешикташ, кои решија да му дадат нова шанса на поранешниот стратег на Манчестер јунајтед.

Турскиот гигант премногу лесно беше елиминиран од квалификациите за Лигата на Европа од тимот на Шахтјор, по што турските медиуми најавија дека Солскјер дефинитивно ќе си замине, а на негово место ќе пристигне поранешниот стратег на Борусија Дортмунд, Нури Шахин.

Сепак, ваквите информации вечерва беа демантирани од раководството на Бешикташ, кое јавно му изрази поддршка на норвешкиот стручњак.

„Информациите дека Оле Гунар Солскјер ќе добие отказ и нов тренер ќе биде Нури Шахин се апсолутно невистинити. Ние веруваме во нашиот тренер и му даваме апсолутна поддршка на стартот од новата сезона“, објави Бешикгаш.

Шанса за поправен Солскјер ќе има во квалификациите за Конференциската лига, каде Бешикташ важи за апсолутен фаворит во двомечот со Сент Патрикс од Ирска.

Се вчитува...