Челниците на Формула 1 соопштија дека не постои можност трката во Абу Даби да се откаже поради ситуација во Израел.
Пооделни медиуми развија дебата дека последната трка во сезоната која се вози во Абу Даби на 26. ноември ќе биде откажа. А, сето тоа по предупредувањето од Владата на Велика Британија до своите граѓани да не патуваат во Обединетите Арапски Емирати поради опасност од терористички напад.
Следната трка од календарот на Формула 1 на програмата е на 5. ноември во Бразил. До крајот на сезоната остануваат уште три трки. Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен уште од претходно обезбеди нова титула во Ф1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА