Хаким Зијеш ова лето нема да го засили Милан откако Челси се повлече од преговорите со актуелниот шампион на Италија, пренесуваат англиските медиуми. „Сините“ сакаа да се ослободат од услугите на Мароканецот кој потфрли со константноста, но наместо позајмица сега бараат откупување на договорот.
Тоа не е во прилог на Милан кој нема финансиски средства за голем трансфер, па откако остана без ангажман на фудбалерот на Челси ќе го сврти погледот кон Реал Бетис и Набил Фекир.
Францускиот репрезентативец беше трансфер цел на „росонерите“ и во минатото, но и во обидите за негова аквизиција Милан ќе се соочи со истиот проблем. За неговите услуги Шпанците бараат 40 милиони евра, а Милан може да си го дозоли тоа само доколку станува збор за едносезонска позајмица со право за откуп по завршување на истата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА