Нема пензија: Буфон наскоро потпишува за Парма

По разделбата со Јувентус, Џанлуиџи Буфон е во потрага по нов ангажман, а како што стојат работите, тој ќе се врати во Парма, каде го започна својот сениорски фудбал. Италијанскиот новинар на „Скај Спорт“ Фабрицио Романо потврди дека легендарниот голман се согласил да соработува со неговиот поранешен клуб.

Популарниот „Џиџи“ ја започна својата кариера во Парма, пред 26 години, а потоа во два наврати играше за Јувентус со кратка пауза, бидејќи помина една сезона во 2018/19 на голот на Пари Сен Жермен.

Парма ќе се натпреварува во Серија Б следната сезона и нема сомнеж дека доаѓањето на Буфон ќе биде одлична работа, особено за младите во тимот кои ќе можат да научат многу од него.

Се вчитува...