Легендарниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ од Дубаи испрати фантастични вести за љубителите на „белиот спорт“.
И покрај тоа што медиумите шпекулираа со негово пензионирање во 2026 година со оглед на резултатите кои го покажува во последно време, тоа нема да биде случајот.
Ѓоковиќ изјави дека Олимписките игри кои ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година се неговата патоводна ѕвезда и нема намера да се повлече пред нив.
„Ќе играм на Олимписки игри во Лос Анџелес. Игрите се мојата патоводна ѕвезда. Нема лимит. Сакам да се натпреварувам и се додека се чувствувам добро, додека моето тело издржува, додека играм на високо ниво. Зошто да не?“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

