Хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ и дефинитивно не е во плановите на Бешикташ за следната сезона, па раководството на клубот веќе му порачало да си бара нов клуб.
Но, како што пренесуваат турските медуими, Ребиќ донел одлука да не се откаже од платата која ја има во Бешикташ, а таа е 2,5 милони евра годишно. Наводно им порачал на челниците на клубот дека нема да си замине ако не пронајде клуб кој ќе му ја понуди истата плата. Тоа, и тоа како, не им се допаднало на челниците на Бешикташ.
А, турските медиуми веќе го дефинираат Ребиќ како „најголемиот паразит во Турција“, затоа што воопшто не игра а зема огромна плата. Сезонава за клубот едвај собра 691 минути игра во сите можни натпреварувања, а постигна само еден гол и подели пет асистенции.
📰 Beşiktaş'ta Ante Rebic rest çekti!
🗣️ 'Paramı almadan gitmem'https://t.co/Xxjs4UgoUQ pic.twitter.com/haEzIw7HjN
— Skorer (@skorerrcom) April 18, 2024
Инаку, за поранешниот хрватски репрезентативец на кого договорот со Бешикташ му важи до јуни 2025 година, интерес има од Верона, но се спомнуваше можноста и од јуни да се пресели во сплитски Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА