Нема помилување за Роберт Левандовски

Роберт Левандовски сепак ќе мора да пропушти три натпревари на Барселона откако денеска беше одбиена и последната жалба на каталонскиот гигант за намалување на санкцијата на Полјакот по неговиот црвен картон на дуелот со Осасуна.

Барса по одбиената жалба од Шпанската Фудбалска Федерација реши да се жали и пред Спортскиот арбитражен суд во Мадрид, од каде доби одлагање на казната, па Левандовски настапи на првиот овогодишен натпревар против Еспањол.

Чави на денешната прес-конференција изјави дека очекува Левандовски да биде во тимот на наредниот меч со Атлетико Мадрид, но не само што тоа нема да се случи, туку Арбитражниот суд денеска ја потврди првобитната одлука, што значи дека тренерот на Барса ќе го нема својот најдобар играч на располагање до крајот на месец јануари.

Полјакот ќе го пропушти дербито со Атлетико, како и следните два дуели против екипите на Хетафе и на Џирона, а неговиот камек на терените се очекува на мечот со Бетис, закажан за 1 февруари.

Се вчитува...