Нема попуст за ЛА Лејкерс од Леброн Џејмс

Американската кошаркарска легенда Леброн Џејмс и во сезоната 2025/26 ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс прифаќајќи ја играчката опција во договорот која му носи едногодишно продолжување вредно 52 милиони евра.

Фановите на тимот од Лос Анџелес се надеваа дека „Кралот“ ќе се смилува, ќе го одбие продолжувањето, но и нема да замине како слободен играч во друг тим, туку ќе му излезе во пресрет на тимот потпишувајќи помалку вреден договор.

Тоа нема да се случи па така ЛА Лејкерс ќе имаат далеку помал буџет на располагање за ангажман на слободни кошаркари.

Се вчитува...