Нема повеќе „Северна“: Главчев покрена процедура за враќање на старото име на Кошаркарската федерација!

Новото раководство на КФСМ, на чело со претседателот Томе Главчев покрена иницијатива пред членовите на Управниот одбор за враќање на старото име на Македонската кошаркарска федерација и промена на актуелното – Кошаркарска федерација на Северна Македонија (КФСМ).

„На денешниот состанок на Управниот одбор, Главчев побара размислување од членовите на Управниот Одбор за промена на називот на Федерацијата од: Кошаркарска Федерација на Северна Македонија, во Македонска кошаркарска федерација, како што беше претходно, или Национална кошаркарска Федерација“ – се вели во информацијата од Кошаркарската федерација.

Предлогот наиде на позитивни критики од страна на присутните членови кои едногласно се согласија да се отпочне процедура за менување на името во Македонска кошаркарска федерација.

Се вчитува...