АТП го објави новото рангирање за оваа седмица, а меѓу најдобрите десет тенисери на светот има само една промена. Русинот, Данил Медведев и понатаму е лидер откако успеа да ја започне десеттата недела на челната позиција и остана на 7.775 бода.
Второто место му припаѓа на Александар Зверев, пред Рафаел Надал и Стефанос Циципас. Напредок од едно место забележа Карлос Алкараз и сега е петти, на сметка на Каспер Руд.
Новак Ѓоковиќ остана на 4.770 бода кои го рангираат седми, додека во топ десет се уште Андреј Рубљев, Феликс Оже-Алијасим и Јаник Синер. На ова рангирање одличен напредок забележа Лоренцо Мусети кој го освои АТП Хамбург и напредуваше 31 позиција, за 31. место на ранкингот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

