Македонската репрезентација вечерва во 20.45 часот ќе излезе на терен против Ангола со истите 16 ракометари кои беа дел од составот и против Тунис. Лино Червар уште за време на вчерашниот тренинг најави дека е премногу рано за замена (секој селектор има право на две замени за време на шампионатот), па на утринскиот Технички состанок било потврдено дека „црвено-жолтите“ ќе настапат со истиот состав како и на првата средба.
Ова значи дека Никола Митревски, Жарко Пешевски и Ристо Арнаудовски и денешниот дуел ќе го проследат од трибините, чекајќи шанса на некој од следните натпревари од овој мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА