ЕКИПА во Израел,
Никола Ѓуровски
Најдобрите македонски фудбалери допатуваа во Израел, базата е Ашдод, а вечерва ќе биде одржан и првиот тренинг во пресрет на квалификацискиот меч кој е закажан за в четврток во Бер Шева. Националниот тим се комплетираше со интернационалците, а сепак значаен сегмент се и фудбалерите кои настапуваат во домашниот шампионат.
Марјан Радески од Шкендија и Љупчо Дориев од Академија Пандев се во конкуренција за настап, а си имаат сосема поинакви маки во домашниот шампионат.
Актуелниот првак Шкендија изненадувачки се наоѓа на последната позиција на табелата по четири кола, а на врвот е Академија Пандев. Радески тука е во ‘подредена улога’ во моментот во однос на Дориев, а навикнат е на победи и на титули.
„Не знам што се случува, ама не можеме да дадеме гол. Ниту од наједноставни шанси. Но, има уште многу да се игра“, вели Радески и потенцира дека сега е време да се мисли на репрезентацијата.
А кога е А-тимот во прашање – нема „прв и последен“. Сите се еднакви!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

