Фудбалерите на Шкупи под водство на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски вечерва го одработија официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ пред утрешниот реванш-натпревар со ирскиот Шамрок Роверс во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа.
Ирците имаат предност од 3-1 од првиот натпревар, па сето тоа доволно зборува и дека нема многу размислување за играчите и стручниот штаб на македонскиот шампион: сите сили мора да се насочат кон нападот ако се сака анулирање на предноста на гостите.
Во таа насока беше и вечерашниот тренинг на чаирчани, кои веруваат дека имаат сили да слават против Ирците…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА